Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, со коловози на места влажни. Поради интензивните снегови, од 6.50 часот е воведена забрана за сообраќај на камиони на патните правци Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, соопшти ЈП „Македонијапат“. Снегот продолжува да паѓа со променлив интензитет и на други делови од мрежата.




