Забрана за невакцинирани деца во градинките, казните за невакцинирање – од 350 до 650 евра

Сите државни и приватни градинки во Скопје, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, се информирани дека е прогласена епидемија на мали сипаници (морбили), соопштува Министерството за труд и социјална политика. Истовремено на градинките им е укажано и дека е во сила привремената забрана за примање деца кои не се вакцинирани од МРП (вакцина за морбили, рубеола и паротит).

Градинките се задолжени и да спроведат санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки, соопштуваат од МТСП, и истакнуваат дека укажувањата и препораките се во насока превенција и поголема безбедност на децата.

Истовремено, од Министерството потсетуваат и дека казните за родителите за невакцинирање на децата се движат од 350 до 650 евра.

Епидемија на морбили на територијата на Скопје беше прогласена вчера, откако се појавија 12 нови случаи. Од нив повеќето се деца, но има и возрасни, а сите се невакцнирани лица со МРП вакцината.

Уште нешто што треба да знаете е таканаречениот „имунитет на стадото“. Фина визуелизација за значењето на истиот можете да најдете ТУКА

За позитивните и негативните страни на забраната за невакцинирани деца во градинките, како долготрајно решение, по примерот на Австралија, пред извесно време пренесовме фина колумна ТУКА

За тоа како настана митот дека вакцините предизвикуваат аутизам, можете да прочитате ТУКА. Кога сме веќе кај аутизмот, најновите истражувања сугерираат дека растењето во средини со висока загаденост на воздухот значи далеку повисок ризик, отколку тој што наводно произлегува од вакцините.

А, да, и ова! „ЗА ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША И ТРАЈНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД ВАКЦИНАЦИЈАТА“.

- Реклама -