Децата не можат да градат песочни замоци на многу плажи на брегот на провинцијата Шлезвиг-Холштајн, во Германија, а во другите делови на земјата има ограничување на нивната висина, објави „Дејли телеграф”.
Строга забрана од овој тип нема во одморалиштето Травенмунде, но таму бараат на крајот на денот тие да бидат уништени, за да не создава опасност за прошетка во темница.
Властите, сепак не успеале да им го одземат целосно задоволството на туристите. На многу места забраната не се почитува, на пример во Кил. Таму децата среќно градат замоци.
Објаснувањето за забраната е дека крајбрежјето треба да биде безбедно, а и лесно достапно за амбулантите.
Во 2012 година 10-годишно момче загина во одморалиштето Амрум кога дупка од еден метар која што беше ископана, се распадна и го затрупа.
Сличен случај имаше и годинава.
Прочитај повеќе: Загинал во дупката на плажа што сам ја ископал