Забранета реклама за најтенкиот телефон на светот

Телевизиска реклама за „најтенкиот телефон на светот“ е забранета во Велика Британија, затоа што жените биле претставени како објекти.

Агенцијата за стандарди во рекламирањето реагирала на „сексуално сугестивните“ сцени кои „можат да навредат некои од гледачите“.

Агенцијата примила осум поплаки на рекламата бидејќи воопштено ги „сексуализирала жените“, додека компанијата се брани дека само се обидувала да истакне колку е тенок нивниот телефон.

„ Голем дел од рекламата е фокусиран на актерка во долна облека, вклучувајќи и сцена во која во крупен план се гледаат нејзините гради, задник и усни, што го сметаме за сексуално сугестивно. Освен тоа, ефектите ја зголемуваат сугестивната природа со музиката и нарацијата, особено затоа што фокусот на жените не е од никакво значење за рекламираниот производ“, пишува во образложението на агенцијата.

Нас нè интересира дали ако во фокусот на рекламата беа ставен стомачните мускули на еден маж, ќе постоеа поплаки од страна на мажи дека „Тие не се секс објекти“, или дека ги вознемирува содржината.

Феминистичките бесмислени критики со текот на времето не само што поттикнуваат самоцензура, туку и тотално ја уништуваат смислата за еднаквост меѓу половите. Лишени од хумор и слобода на изразување ќе пронаоѓаме игла во сено и ќе се жалиме колку сме обесправени, само затоа што секој ужива во погледот на женски гради. Доколку размислите подобро ќе разберете дека феминизмот и шовинизмот стануваат се повеќе синоними, во потрага по насока на движењето кое ја бара својата вистинска намена на погрешно место – онаму каде жените навистина ги имаат сите права и почит.

Еве ја и рекламата.

- Реклама -