Забрането носење на вратоврски

Нема да претпоставите каде истите се забранети.

Patio Steakhouse & microbrewery е ресторант кој се наоѓа во Аризона.

Локалот е познат по своите вкусни стекови и неговиот строго почитуван дрескод. Ако некој со вратоврска сака да седне во него, треба да биде подготвен за неочекуван напад.

1(1165)

Во Pinnacle Peak Patio Steakhouse & Microbrewery вратоврските се забранети. Секој што го носи овој додаток, ќе биде нападнат и ќе си замине со отсечена вратоврска. Делот кој останува во рацете на човекот со ножиците, пак, се закачува како воен трофеј кон илјадниците други, што висат од таванот.

Според сајтот на ресторанот, до денес сопствениците на Pinnacle Peak Steakhouse отсекле над еден милион вратоврски од телото на клиентите. Pinnacle Peak е отворен во 1957 година како продавница во која запираат туристите кои се упатиле кон блиските езера.

2(1199)

За да се зголеми продажбата на малиот бизнис, сопственикот започнува да нуди вечера за време на викендите. Успехот на скарата го поттикнува да се откаже од продавницата и да отвори ресторан.

Денес Pinnacle Peak Steakhouse се смета за еден од најголемите ресторани од овој тип, со тоа што располага со места за 1800 лица.

3(1149)

Почетокот на традицијата на сечење на вратоврските започнала една ноќ, кога сопственикот одлучил да задржи посекојдневна атмосфера во ресторанот и ги замолил клиентите со вратоврски да ги извадат. Откако тие не се согласиле со ова барање, тој извадил нож и ги пресекол.

Денес жртвите на оваа апсурдна политика оставаат освен вратоврска, и свои бизнис картички на гредите на ресторанот – знак дека биле срамно лишени од својата официјалност.

4(1072)

- Реклама -