Во минатото владите имаат забрането навидум сè. Но администраторите на една населба во Свалбард (Шпицбершки Острови), Норвешка се обиделе да го променат тоа.
Наслебата, Лонгјирбајен, има помеѓу 1500 и 2000 жители, и е едно од најсеверните места на Земјата со трајно население. Лоцирана на 78,22 степени северна географска широчина, длабоко во поларниот круг. Насекаде има бели мечки и температурата ретко се искачува над нулата. Температурата била причината за забраната за умирање.
Пред забраната, како и на секое друго место, луѓето од Лонгјирбајен ги закопувале мртвите, сосема логично, со текот на времето труповите ќе се распаднат. Во 1917, за време на светската епидемја на грип, била погодена и оваа населба. Грипот бил причина за смрт кај неколку жители кои, нормално, биле закопани на локалните гробишта.
Тринаесет години подоцна некој открил дека оваа населба е поразлична од другите. BBC известиле за оваа појава, телата на мртвите закопани во локалните гробишта не се распаѓаат. Студената земја ги зачувала труповите и, за жал, вирусот кој бил одговорен за нивната смрт останал жив.
Не постои ништо што би навело кон заклучок дека некој бил заразен со таа верзија на грип, но сепак откритието било предупредување за градските власти. Тие сфатиле дека изолацијата на населбата го отежнува справувањето со мртвите, со што се создава ризик за живите, па администраторите едноставно донеле одлука според која умирањето во градот е забрането со закон.
Бидејќи за овој закон не можат да бидат изрекувани казни градот одлучил да го спречи умирањето со административни трикови. Гробиштата биле затворени во 1930 година и повеќе не закопуваат мртви, населението е генерално младо – нема дом за стари лица во областа – а ако патите од сериозна болест или повреда градските власти ќе ви обезбедат авиотранспорт до најблиската болница… Лет кој трае два часа. [Dying at all is not allowed]