Забрчанец: „Не го оставај Скопје во неизвесност, изгубено Скопје значи дека државата ни отишла во опасност“

„Не го оставај Скопје во неизвесност. Изгубено Скопје значи дека државата ни отишла во опасност“, порача националниот координатор за стратегиски комуникации на Владата – Марјан Забрчанец, во пресрет на вториот изборен круг.

Тој ги повика граѓаните да гласаат „за да знаат на што се“.

„Скопје бара одлука, а тоа значи излегување на гласачко место и гласање. Недела е денот. Гласај. Не ги оставај Градот и државата на сомнителни лица. Гласај за да знаеш на што си

Гласај за 12, за Петре, за СДСМ. Гласај за јасна, извесна и проверена опција. Гласај за тие што слушаат, што уважуваат, што се подобруваат“, напиша Забрчанец на Фејсбук.

- Реклама -