Во изјава за МИА, Димушевски откри дека зад насловот на неговото најново дело „Зад грбот на Бог“ стои длабоко емотивна приказна.
– Оваа приказна е слична на сите наши лични искуства. Нсловот „Зад грбот на Бог“ има симболично значење, поврзано со тоа што носиме во себе. Тоа е и наслов на албумот кој излезе за време на корона-кризата, поточно 2022-2023 година, пред три години. Во тој период на изолација решив да се затворам дома, да побегнам од надворешниот свет и да создадам нешто ново. Денес сум задоволен што резултатот е успешен“, изјави Димушевски.
Тој истакна и дека во 2024 година, овој албум е прогласен за најдобар од страна на еден хрватски критичар, кој, според него, е многу строг и кредибилен.
– Не сум навикнат на такви комплименти, но еве, се случи! Го прогласи за најдобар џез албум на 21. век во нашиот регион на Балканот“, вели Димушевски.
Во својата изјава за МИА, тој спомена дека албумот е веќе изведен на неколку концерти.
– Со овој проект имам нешто интересно. За секој концерт доагам со нови петнаесет или дваесет минути музика. Овој концерт е сосема различен од она што го свирев во Подгорица, Нови Сад или Бања Лука. Секој настап ми е значаен, за да можам да се изненадувам сам од себе. Четириесет проценти од програмата е фиксирана, а останатите шеесет оставам да се случат на самиот концерт“, заврши Димушевски.

Зоран Пејковски, директорот на КИЦ – Софија, во изјава за МИА, акцентираше дека културни настани што ги организираат, играат значајна улога во градењето мостови помеѓу двете држави.
– Нашата цел е да ги создадеме тие културни мостови, да ја промовираме културната дипломатија. Имаме различни посетители секојдневно, а тие учествуваат во изложби, концертни настапи и промоции на книги, штом тоа се однесува на македонски автори преведени на бугарски. Сето тоа е дел од нашата културна дипломатија и ја зајакнува нашата врска, бидејќи вистински можеме да ги поврземе луѓето преку културата“, нагласи Пејковски.
Амбасадорката Агнеза Руси Поповска, во својата изјава за МИА, истакна значењето на културната соработка помеѓу Македонија и Бугарија.
– Културно-информативниот центар во Софија претставува важен алат во градењето на културните врски помеѓу двете држави. Овој центар значајно придонесува кон подобрување на меѓусебните односи“, вели Руси.
Таа потсети дека македонскиот КИЦ во Софија минатата година славеше 20 години од своето постоење.
– Минатата година, како и оваа, организиравме низа настани. Имавме настани секоја недела, со цел да промовираме македонската култура и уметници, но и да градење врски помеѓу двете општества и држави“, додаде Руси.
Таа исто така потврди дека КИЦ-от минатата година организираше стотина настани.
– Ова не се случува често во историјата на нашата институција. Имавме важен јубилеј и Центарот успеа да покаже дека е македонска куќа во Софија, отворена за соработка и за социјализација на културните работници.

Концертот во Софија не е само музички настан, туку и симболично обележување на пет децении непоколебливо творештво и уметничка посветеност. Тоа е вечерь посветена на автор кој не престанува да ја преиспитува границата помеѓу звукот и тишината, традицијата и иднината, локалното и универзалното.
Никола (Кокан) Димушевски, роден во 1958 година во Скопје, каде и денес работи, е еден од основачите на легендарната група „Леб и сол“, формирана во 1976 година, која остави длабок печат во историјата на југословенската и македонската музика. Преку оваа група, како и како самостоен уметник, реализирал над 21 носач на звук, а како солист, продуцент и аранжер – повеќе од 40 компакт дискови и преку 70 аудио и видео изданија од различен вид.
МИА
Концертот „Зад грбот на Бог“ на Кокан Димушевски во Софија е важен настан што ја одразува богатината на македонската култура, оставајќи неизбришливи трагоми во срцата на присутните.




