Задолжителен ПЦР тест за македонските државјани при влез во Косово

Македонските државјани ќе можат да влезат во Косово само со приложен негативен ПЦР тест за коронавирус, не постар од 72 часа, одлучи косовската влада. Со одлуката се опфатени и државјаните на Црна Гора и БиХ.

Тоа нема да важи за граѓаните и превозниците кои транзитираат низ земјата. Имено, граѓаните кои ќе влезат во Косово преку аеродромот „Адем Јаштри“, наместо негативен ПЦР тест, ќе треба да потпишат изјава дека земјата ќе ја напуштат во рок од 3 часа. Организираните превозници, пак, ќе треба да потпишат изјава дека ќе ја напуштат територијата на Косово во рок од 5 часа.

Исклучок од одлуката се и странските дипломати и нивните семејства, како и државјаните на наведените три земји кои имаат и косовско државјанство и живеат во Косово.

Прочитајте и:  Османи: Секое загрозување на правата на Албанците во С. Македонија ќе наиде на решително противење и единство на Албанците од цел Балкан

Претходно, на 8 јули, македонската влада ја послуша препораката на Комисијата за заразни болести и воведе задолжителен негативен ПЦР тест при влез во земјата, со почеток од 9 јули, за граѓаните на Косово, Србија, Црна Гора и БиХ. Следуваа реакции, но и најава од косовските власти за реципрочна мерка и од косовска страна.

- Реклама -