Задолжителна стопроцентна насмевка

Повеќе... Вработените во железницата во јапонскиот град Keihin мораат да имаат широка насмевка кога ќе се појават на работното место. Нивната насмевка компјутерски се проверува и се бодува од 1-100, па така, тие немаат друг избор – освен да бидат среќни.


3699995002_b51a7c754a.jpgВработените во железницата во јапонскиот град Keihin мораат да имаат
широка насмевка кога ќе се појават на работното место. Нивната насмевка
компјутерски се проверува и се бодува од 1-100, па така, тие немаат
друг избор – освен да бидат среќни.

За да се осигураат дека нивните вработени се смеат со полн капацитет, компанијата почна да практикува полиса за проверка на насмевките кај вработените. Така, тие секое утро треба да се смеат во камера и да бидат подложни на софтверска анализа на нивото на среќа. Направата ги анализира карактеристиките на лицето, вклучувајќи го движењето на очите, линијата на усните и брчките и ја оценува насмевката на скала од 1 до 100 проценти.

Прочитајте и:  Концерт во чест на 30 годишното пријателство меѓу Македонија и Јапонија

На оние со пониски резултати, на екранот им се појавуваат совети како „Сè уште изгледаш премногу сериозно“ или „Насмевни се повеќе“. 530 вработени во железниоцата секој ден ќе мора да поминат низ проверка на нивната насмевка пред да започнат со работа. Тие ќе бидат принудени и да ја испечатат и да ја носат со себе својата најдобра насмевка со цел да ја запаметат. Бидете среќни – Големиот Брат ве гледа! ["Smile Checks" Ensure Employees Are Happy And Ready For Work, Next: Metal Detectors]

- Реклама -