Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и Духовден, кои овој викенд ќе се одбележуваат меѓу православните христијани, како денови на еден ист празник посветен на мртвите. Во суштина станува збор за сосема два различни дена, со различни црковни знаења. Задушница, кога се слави споменот на починатите, се паѓа секогаш во саботата пред Духовден, кој се слави секогаш во недела и го означува слегувањето на Светиот Дух.
Теолозите велат дека нашиот народ ги помешал овие два празници, па така голем дел од нив го поврзуваат Духовден со „духови“ и сметаат дека духовите на умрените стануваат од гробовите на овој ден и шетаат низ гробиштата.
– Задушницата со празникот Духовден нема никаква врска, освен тоа што се поврзани календарски. Суштински, православно, Задушница е сосема нешто различно од празникот Духовден. Духовден е празник на Светиот дух, а не на духовите или нешто слично, затоа нема ниту поента одењето и седењето на гробиштата навечер во пресрет на Духовден. Тоа е останато од паганската традиција – објаснуваат теолозите.
Петокот пред Задушница, пак, е прогласен за неработен ден од 2007 година, како ден пред Задушница, со цел граѓаните да можат да се подготват за претстојниот ден.
Теолозите објаснуваат дека Задушница секогаш се паѓа во сабота и тој ден е посветен на споменот на починатите… Целиот текст прочитајте го на „Нова Македонија“.