Заев: Ако декларациите на ЕУ не се преточат во дела ќе се направи непоправлива штета врз големата европска идеја

Народите на Западен Балкан очекуваат декларациите на ЕУ да се преточат во дела и ако ЕУ не дејствува, разочарувањата кај народите од регионот ќе бидат непоправливи и на огромна штета на големата европска идеја за заедништво и соработка“, истакна денеска премиерот Зоран Заев на заедничката средба со првиот човек на Европскиот совет – Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен, еврокомесарот за проширување – Оливер Вархеји, словенечкиот премиер – Јанез Јанша, и бугарскиот претседател – Румен Радев, пред почетокот на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Брдо кај Крањ.

Според владината прес-служба, на средбата била потенцирана важноста на проширувањето на ЕУ со земјите на Западен Балкан и било поздравено тоа што за Брисел проширувањето на Унијата со земјите од регионот и натаму останува стратешки приоритет.

Прочитајте и:  Реслер: С. Македонија мора да направи конкретен чекор, но и ЕУ да ја сфати геополитичката димензија - во неа нема место за билатерални уцени
- Реклама -