Заев: Ако ВМРО-ДПМНЕ ги блокира законите, нормално дека Парламентот нема да се распушти

Дали ќе се донесе или нема да се донесе Законот за јавно обвинителство нема да влијае на евентуалното одложување на избopите, но лидерот на СДСМ – Зоран Заев, не ја исклучува можноста за одложување во случај ВМРО-ДПМНЕ да го блокира гласањето.

„Законот за мене е многу важно да се гласа во Парламентот. Значи кога ќе се гласа во Парламентот тој може да се донесе или да не се донесе, друга опција нема, но 12 април треба да се распушти, ако се обидува опозицијата да го минира, да го блокира или на било кој начин неговото донесување односно гласање, тогаш нормално дека Парламентот нема да се распушти сѐ додека на заврши процесот на изјаснување на Законот за Јавно Обвинителство како и протоколот за НАТО или Законот за одбраната или сличните закони, заради тоа што дел од агендата за која што се договоривме сите е дека овие законски решенија до распишувањето на изборите и распуштање на Парламентот ќе се изгласаат. Ако некој го прекрши тоа, тогаш нормално дека распишувањето на изборите и распуштање на парламентот нема да се случи“, вели Заев.

Прочитајте и:  Заев единствен од Балканот спомнат во новите мемоари на Меркел, опишан е како храбар и решителен

Според него, убаво е на 12 февруари да се распушти Парламентот, со оглед дека на 12 април се избopите, но исто така, истакнува, постои и простор од 15 дена за распуштањето на Парламентот:

„На 12 април се изборите, убаво е на 12 февруари како што објави претседателот Талат Џафери тоа да се случи, изборите се распишуваат, Парламентот се распушта од 45 до 60 дена, значи имаме еден бафер од 15 дена тука за распуштањето на парламентот и распишувањето на изборите како што Законот и Уставот тоа го даваат. Но јас верувам дека сѐ ќе биде завршено на 12 февруари, да се распишат изборите и да се распушти Парламентот“, истакна лидерот на СДСМ.

- Реклама -