Заев апелира што поскоро да се потпише договорот со Фронтекс, кој Бугарија го блокира поради македонскиот јазик

Премиерот Зоран Заев денеска апелираше што побрзо да се потпише мултилатералниот договор со Фронтекс, и нагласи дека додека тоа не се случи, ќе се почитуваат билатералните договори со земјите кои имаат ипратени свои полициски сили во земјава.

„Останува од наша страна да апелираме час побргу да се потпише договорот со Фронтекс заради тоа што тогаш е тој мултилатерален договор. Дотогаш остануваме на билатералните договори што ги имаме со сите земји кои имаат испратено свои полициски сили овде, коио работат со нашите буквално од 2015, 2016 година наваму и така ќе продолжиме. Но, верувам дека и за Бугарија како што и за ЕУ, така и за Северна Македонија, и за целиот наш регион, е важно час поскоро да се потпише договорот Фронтекс“, рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Прочитајте и:  Николоски: Ако сработиме добро со Франција, дипломатски тешкаш за едно попладне во Софија би го решил проблемот

Вчера од Европската Комисија за МИА потврдија дека договорот за управување со границите помеѓу ЕУ и Северна Македонија останува блокиран од страна на Бугарија затоа што оваа земја не го признава македонскиот јазик.

- Реклама -