Заев го смирува Касами: Сѐ што е договорено, ќе биде имплементирано

„Сето тоа што е договорено е дел од законите, дел од Уставот, дел од сите промени коишто се случија и секако, законите во соодветно време, во предвидените рокови, како што е предвидено, така ќе биде имплементирано“, рече денеска премиерот Зоран Заев прашан за „ултиматумот“ од лидерот на БЕСА – Биљал Касами, без попрецизно да одговори на обвинувањето дека владата во процедура поднела предлог-закон кој е во спротивност со договореното меѓу Заев и Касами пред гласањето за уставни измени, кога пратениците од БЕСА беа клучни за обезбедување на двотретинското мнозинство.

Вчера Касами на прес-конференција истакна дека поднесената иницијатива за изменување и дополнување на законот за лични документи не ја содржи договорената графа за eтничкa припадност во личните карти и го обвини Заев за мaнипyлиpaње со гласовите на Aлбaнците без притоа да покаже дека е подготвен да испорача. Доколку ова не биде исправено, предупреди Касами, БECА ќе ги искористи сите институционални механизми за да ја пpинyди оваа влада целосно да го почитува договорот за уставните измени.

Прочитајте и:  Заев единствен од Балканот спомнат во новите мемоари на Меркел, опишан е како храбар и решителен

 

- Реклама -