Заев: Имаме капацитети за сите, здравствениот систем ќе се справи поуспешно и од многу поразвиени земји од ЕУ

ФОТО: Министерот Филипче му мери температура на премиерот Заев при посетата на болницата во Кавадарци во јули.

Не само што здравствениот систем нема да колабира, туку и ќе се справи со коронавирусот поуспешно отколку многу поразвиени земји кои се членки на Европската унија, изјави премиерот Зоран Заев.

Според него, Владата има обезбедено болнички капацитети за сите, лекарите, медицинските сестри и целиот здравствен персонал се максимално посветени, а полицијата и инспекциските служби си ја вршат работата.

Сепак, истакна Заев, најголемата помош се граѓаните, кои, ако навистина ги почитуваат мерките, можат многу, како што истакна, да им помогнат на лекарите кои навистина се истоштени и изморени.

„Заради своето здравје, здравјето на нашите родители, пријатели и роднини, апелирам да ги почитуваме мерките, а здравствениот систем сигурно ќе се снајде, ќе опстои и ќе си ја заврши својата работа. Убеден сум дека тоа ќе биде поуспешно од многу поразвиени земји од Европската Унија“, рече премиерот.

Прочитајте и:  Заев единствен од Балканот спомнат во новите мемоари на Меркел, опишан е како храбар и решителен
- Реклама -