Заев – Јоурова: Добри резултати во борбата против корупцијата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерката за правда – Рената Дескоска, денеска се сретна со еврокомесарката за правда, потрошувачи и poдова еднаквocт – Вера Јоурова, придружувана од амбасадорот на ЕУ во земјава – Самуел Жбогар.

На средбата била изразена почит кон постигнувањата на премиерот Заев и на Владата на политички и на реформски план, информираат од Владата. Констатирано било и дека Договорот од Преспа е редок, позитивен пример на градење пријателства, наспроти, како што се вели во соопштението, „сѐ уште постоечките политики на paдикaлизaм и нaциoнализaм“. Тоа го вреднува и новиот состав на Европската комисија, а Република Северна Македонија се движи во вистинска насока и ќе продолжи активната соработка со ЕК, порачано е на средбата.

На средбата беило посветено посебно внимание на владеењето на правото и правната држава. Оценето е дека државата покажала добри резултати во борбата против корупцијата. Заеднички е заклучено дека е потребна трансформација на правосудниот систем во насока на поголема ефикасност во работата, согласно европските стандарди и вредности.

„Покажавме неселективна борба против криминалот и корупцијата. Донесовме легислатива за судството со консензус и според европските стандарди. Но, потребна е поефикасна имплементација на законите, што ќе се обезбеди низ можностите за конкурентност, што сега не е случај, поради недоволниот број на судии и јавни обвинители“, рекол премиерот Заев.

Прочитајте и:  Заев единствен од Балканот спомнат во новите мемоари на Меркел, опишан е како храбар и решителен

На состанокот е потврдено дека е потребно одржливо решение за продукција капацитети во правосудството, постигнато на транспарентен начин и со висок професионализам. Според премиерот Заев, реформите, меѓу кои и во правосудството, се значајни не само поради европските интеграции, туку и поради економијата, којашто во нашата држава бележи раст.

„Економските параметри растат. Продолжуваме со реформите. Продолжуваме со пријателствата. Ни треба охрабрување на проевропските сили во општеството. За Република Северна Македонија е во ред сѐ што значи отворени перспективи за евроинтеграциите, рече премиерот Заев, посочувајќи дека тоа ќе има позитивен импакт и во регионот и во одлуките на граѓаните, посебно на младите луѓе, да ја гледаат својата иднина во родната земја.

На средбата се разговараше и за работата на новата Европска комисија, од каде што има најави за фокус кон позитивна агенда, кон актуелни прашања како што се климатските промени, дигиталната трансформација, стратегија за проблемот со миграцијата, повеќе кон превентива, отколку кон реактивни политики. Договорена е активна соработка со еврокомесарката Јоурова во делот на владеењето на правото, заштитата на демократијата и изборите, што е нејзина област, посебно што таа во ЕК ќе биде надлежна за портфолиото – европски вредности и транспарентност, што е од голема важност и за граѓаните на Република Северна Македонија, велат од Владата.

- Реклама -