Заев: Левица е голем фејк во нашето општество, тие не се иднината на оваа земја

„Голем фејк во нашето општество“ – вака премиерот Зоран Заев ја карактеризира политичката партија Левица. Според него, тие се претставуваат како левичари, но всушност се радикални десничари.

„Тие не се иднината на оваа земја“, вели Заев во интервјуто за „Фокус“.

Лесно е да се собираат националистички и популистички поени, но она што е јуначко е да се решаваат проблемите и да се спроведуваат решенијата, додаде премиерот.

„Тие често зборуваат невистини и ги охрабруваат младите, но не само што ќе биде поразително за тие млади, туку ќе им ја скрши душата“, вели Заев.

Надоврзувајќи се за локалните избори, премиерот истакна дека очекува видлива и недвосмислена победа, која ќе зависи од коалициониот настап и изборот на личности кои ќе им бидат предложени на граѓаните.

Прочитајте и:  Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на Апасиев

„Иако ја предводиме најголемата партија, размислуваме за можни коалиции и соработки. Спремни сме да споделиме одговорност, но и да бараме поддршка од сите. Во единството е силата и победата. Некаде ќе има коалиција во вториот круг, некаде уште во првиот. Сѐ ќе зависи од квалитетот на кандидатите“, рече Заев.

- Реклама -