Заев и Мицкоски во задолжителна самоизолација, новинар што ги интервјуирал е позитивен на коpoнавирус

Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ – Зоран Заев и Христијан Мицкоски, одат во задолжителна 14-дневна самоизолација, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на кратката вонредна прес-конференција.

Причината е тоа што новинар кој во изминативе недели имал ТВ интервјуа со двајцата лидери бил позитивен на тестот за коронавирус.

Како што соопшти Филипче, Мицкоски веќе бил тестиран и неговиот тест е негативен. Тестот на Заев се очекува во текот на денот. Тој веќе заминал во Струмица и таму ќе остане во домашна изолација, исто како и Мицкоски.

Новинарот е во стабилна здравствена состојба, а е xocпитализиран во „8 септември“, соопшти Филипче, најавувајќи повеќе детали на следната редовна пресконференција.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството

- Реклама -