Заев и Мицкоски се договорија: Се одложуваат пописот и локалните избори, онлајн апликацијата останува активна

По неколку часа тет-а-тет средба, лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ – Зоран Заев и Христијан Мицкоски, се договорија за одложување на пописот закажан за во април.

Според договореното, пописот наместо во април ќе се спроведе од 5 до 30 септември годинава, до кога треба да се вакцинирани и сите попишувачи. Во тој контекст, премиерот Заев најавил дека во текот на април ќе стигнат околу 350 илјади вакцини, а до мај околу 2 милиони дози, што е доволно да се имунизира целото население.

Што се однесува до локалните избори, тие ќе бидат одложени за втората половина на октомври. Постигнат е и договор уште од утре да започне постапката за изгласување на измените на Изборниот закони, со цел да се овозможи гласање со отпечаток од прст.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството

Мицкоски негираше дека  за влада за национален спас или експертска влада.

Тој додаде дека денешната успешна средба претставува основа и за други такви во иднина.

 

- Реклама -