Заев: На денешен ден излезе првиот број на „Флака е влазеримит“, кој се роди за време на НОБ и го отсликува заедништвото

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев

На денешен ден, 4 април 1945 година, излезе првиот број на „Флака е влазеримит“ (на албански јазик: Flaka e Vëllazërimit), весникот кој се роди за време на Народно-ослободителната борба. Заедно со „Нова Македонија“ на македонски јазик и „Бирлик“ на турски јазик, како органи на Народно-ослободителниот фронт на Македонија, го отсликуваа заедништвото на нашите граѓани во борба за еднаквост и слобода. Редакциите на весниците се формираа во Скопје, а весниците се печатеа во печатницата „Гоце Делчев“ во Горно Врановци, Велешко.

„Флака е влазеримит“, со детските списанија „Г’зими“ (1950) и „Фатоси“ (1955), перодиката за книжевност, уметност, наука и култура „Јехона“, како и богатата издавачка дејност во рамки на НИП „Нова Македонија“, беа стожер на развојот на информирањето, културата, книжевноста и образованието на албански јазик во нашата земја. Зад себе оставија огромно културно богатство и книжевен фонд, развивајќи и афирмирајќи илјадници изданија, дела, автори и дејци.

Прочитајте и:  Заев единствен од Балканот спомнат во новите мемоари на Меркел, опишан е како храбар и решителен

„Флака е влазеримит“ и ова богато наследство се нераскинлив дел од нашето славно заедничко минато и борба за слобода, еднаквост, развој и напредок, но и патоказ за тоа како да градиме подобро општество еднакво за сите и иднина за сите нас.

- Реклама -