Заев на Столтенберг му подари вино со „потпис“ од Министерството за одбрана (ФОТО)

„Генералниот секретар на НАТО е еден од нашите најголеми пријатели и поддржувачи. ‘You will join NATO’, рече во една прилика и покажа на дело дека Алијансата остварува, а со тоа и ние го остваруваме генерацискиот сон“, напиша денеска на Твитер премиерот Зоран Заев од Лондон, каде ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО на 70-годишнината од постоењето на Алијансата. Во знак на благодарност, на Столтенберг му подари македонско вино со посебна етикета, „потпишана“ од Министерството за одбрана.

„На здравје Јенс, уживај во вкусот на ова одлично македонско вино“, додава Заев во Твитот.

Во претходните објави на социјалните мрежи, премиерот сподели и селфи од Лондон, на кое македонското знаме се вее рамо до рамо со другите членки на Алијансата.

„Го остваруваме сонот на нашите граѓани – стануваме членка на НАТО. Овде во Лондон, Северна Македонија е потврдена за следна 30. членка на НАТО, на 70. роденден на Алијансата. Безбедни, сигурни и стабилни, продолжуваме да ја јакнеме економијата за добробит на сите наши граѓани…

Прочитајте и:  Заев единствен од Балканот спомнат во новите мемоари на Меркел, опишан е како храбар и решителен

Од земја што генерираше кpизи, се транcфopмиравме во земја што генерира безбедност. Достигнувањата на Северна Македонија ги охрабруваaт лидерите во регионот да бидат посветени на одржување на мирот и стабилноста, зголемена регионална соработка и зајакнување на економскиот развој“, напиша Заев.

- Реклама -