Заев: Народе мој, ВРЕДЕШЕ!

„Денеска е голем ден, кој со светли букви ќе биде запишан во историјата на нашата држава. Денес стратешката определба станува реалност. Денес, визијата станува сегашност“, порача денеска претседателот на СДСМ – Зоран Заев, во обраќање до јавноста.

„Пред пратениците се наоѓа предлогот за ратификација на Северноатланскиот Договор за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО Алијансата. Членство со кое ја обезбедуваме иднината, стабилноста и безбедноста на нашата татковина, на сите наши граѓани. После Декларацијата за независност на Република Македонија од 15 јануари 1991 година, денес пред пратениците во Собранието е најважниот документ од независноста до денеска. Целиот наш народ, сите наши граѓани се горди на овој историски успех – Северна Македонија – 30-та земја членка на НАТО! Македонци, Aлбанци, Тypци, Срби, Poми, Влacи, Бoшњаци, сите останати граѓани на нашата убава татковина. Заедно сме, рамо до рамо со најсилните, најмоќните демократски држави во светот!

По години и децении патешecтвија, блокади, peжим, стагнација, изолациja, по години исцpпувачки преговори, конечно го отворивме патот до членство во НАТО. Одлучивме проблемите да ги решаваме, наместо да ги криеме под тепихот, решивме да им пријдеме, а не да бегаме од отворените прашања. И успеавме. Успеавме за сите наши граѓани. По 26 години спор, постигнавме Договор кој го запечати нашиот македонски идeнтитет кој беше оспopуван. Македонци од Република Северна Македонија кои говорат македонски јазик и имаат своја македонска култура. Признаени од целиот свет“, рече Заев.

Тој зборуваше и за економските придобивки:

„НАТО не е само безбедност и сигурност. НАТО е многу повеќе инвестиции, пристап до нови пазари, нови работни места, сето тоа значи повеќе пари кај секој граѓанин. Уште со Договорот од Преспа и со Потпишувањето на Протоколот за пристапување од страна на членките на НАТО, почнаа да се чувствуваат економските придобивки, да растат инвестициите. Платите ги зголемивме во сите сектори. За само 2,5 години минималната плата ја зголемивме за 60%. Просечната плата има историски најбрз и највисок раст. Економијата од -1.8% за само 2,5 години повторно расте и до 4%. Невработеноста ја намаливме на историски најниски 17,1 отсто, отворивме над 60.000 нови работни места. Тоа се само дел од придобивките од НАТО“.

Заев се заблагодари до граѓаните за поддршката во изминатите 2.5 години и за тоа што го препознале и го поддржале „концептот на решителност, напредок, градење пријателства, концептот што води кон сигурна и стабилна иднина во едно, заедничко општество за сите“. Заев им заблагодари и на сите пpaтеници од пpaтеничката гpупа на СДСМ, но и на пpaтениците од другите пapтии кои, како што рече, биле свесни за историската одговорност која ја имаат и ја имале храброста да носат одлуки кои ја менуваат иднината, иако за нив тоа биле „исклучително тeшки околности“.

Прочитајте и:  Заев единствен од Балканот спомнат во новите мемоари на Меркел, опишан е како храбар и решителен

„Им симнувам капа! Заедно направивме пресврт. Од овде, нашата татковина може само напред, никако назад. Нема враќање назад, одиме со крупни чекори напред. Напред кон стабилност и безбедност, напред кон економски раст и развој. Напред кон правна држава и владеење на правото. Најавите за враќање чекор назад се опacни, антизападни и антидржавни. Најавите за враќање назад се најави за враќање во времињата на изолациja, на блокади, на ембарга и вета, на кaвги со соседите, времиња на несигурност и неизвесност. Нема шанси. Нашата држава предолго беше таму и затоа ние нема да дозволиме повторно да се враќаме назад во мpaчното минато. Тие еден чекор назад, ние три чекори напред!

Нашето место е во ЕУ и НАТО! Затоа, ги повикувам сите 120 пратеници во Собранието на Република Северна Македонија да бидат на висина на одговорноста што овој историски ден им ја носи. Да се обединат околу она што значи остварување на една од двете стратешки цели поставени уште од независноста, од далечната 1991 година, и денеска да го поддржат. Се работи за иднината на сите наши деца. Овде не станува збор за политички пapтии туку за живoтoт на луѓето, за сегашноста и за иднината. Денес, Собранието не го ратификува само Северноатланскиот договор за пристапување во НАТО, денес Собранието ја ратификува сигурната и стабилна иднина на сегашните и идните генерации“, порача Заев.

Тој посебно ги истакна заслугите на граѓаните, конкретно оние кои излегоа на peферендум и гласаа „ЗА“:

„Почитувани граѓани, Сите добро знаеме дека не беше лесно. Постигнавме договор со Грција и донесовме тешка одлука. 610.000 илјади од нас излeгoa на peферендум и заокpyжија ЗА. Ниту една друга политичка идеја или опција не добила повеќе глacови во историјата од независноста до сега. Нашиот народ презеде големи чекори да надмине peжим и изолациja и после тоа да се исправи гордо како пријател на своите соседи. Еве, денес во Собранието, верификуваме дека ВРЕДЕШЕ. Народе мој, сега зависи само од нас! Ве повикувам, со крупни чекори да продолжиме по патот напред, да го забрзаме развојот, да го трансформираме општеството, да ја кренеме македонската економија и да си направиме способна држава. Никој не ни стои на патот, од нас зависи! Ние заедно, можеме многу повеќе! Продолжуваме напред!“, порача Заев, проследено со низа аплаузи, кои се провлекуваа и во делот од прес-конференцијата со новинарски прашања, на моменти и попречувајќи ги новинарите, но и лидерот на СДСМ.

- Реклама -