На прес конференција Заев најави дека ќе има предвремени парламентарни избори кои ќе ги предложи на лидерската средба, но рече дека засега нема оставка.
„Јас сум Зоран Заев може да бидам премиер, пратеник, но секако сум човек. Сите опции беа во мојата глава, почувствував горчина и разочараност, но немам право да се откажам да се борам, ја сакам својата земја и својот народ и сега народот ќе одлучи дали ќе одиме по европскиот пат и ќе има реформи и дали ќе одиме по прав пат. Се друго е крив пат и без разлика на сите мисли кои ми се вртеа околу глава донесов одлука засега да не се повлекувам, а за пржинска влада тоа ќебид како што налага законот“ рече Заев, одговараќи на новинарско прашање.
Северна Македонија немаме друг пат кој е водилка и кон кој тежнее освен ЕУ и тоа поради европските вредности, истакна премиерот Зоран Заев да денешната прес-конференција.
– „Ние ја посакуваме Европа, не за да влеземе на територијата на ЕУ, кога веќе сме дел од европскиот континент, туку поради европските вредности. Овде ќе биде како во Европа, затоа што нашите деца ќе се чувствуваат како децата во Европа. И тоа мора да го продолжиме“, истакна Заев.
Тој истакна дека по вчерашната негативна одлука на Европскиот совет му се јавиле без малку речиси сите премиер и претседатели на членките на ЕУ за да го охрабрат него и нашиот народ да продолжиме по европскиот пат и да ни порачаат дека тие се тука за нас.
Нагласи дека ЕУ ќе ги надмине разликите, бидејќи има интерес на Западниот Балкан, како што и ние имаме интерес од ЕУ.
Повеќе на Сител.