Заев: Нови избори не се решение

Ако никој не обезбеди мнозинство ќе настанат проблеми и политичка криза, сметаат експертите, меѓу кои и поранешниот претседател на Државната изборна комисија (ДИК) – Александар Новаковски, пишува „Радио Слободна Европа“. Во таква ситуација, оценува Новаковски , нема да има друго решение освен да се распишат нови парламентарни избори.

„Тука мора да се напомене дека во моментов немаме претседател на Собранието, имаме претседавач, а распуштањето може да се случи од страна на пратениците за распишување на предвремени избори. Тука роковите се скратени и нема друг начин да се излезе од тоа“, вели тој.

Според него, политичка криза ќе се избегне дури и ако новата влада обезбеди макар и тесно мнозинство, но ако никој не успее да обезбеди мнозинство, повторува тој, единствено решение се нови избори.

Прочитајте и:  Заев единствен од Балканот спомнат во новите мемоари на Меркел, опишан е како храбар и решителен

Лидерот на СДСМ – Зоран Заев, пак, се чини, не ни размислува за таква опција. Во изјава по вчерашната неуспешна средба со лидерот на ДУИ – Али Ахмети, тој изјави дека нови избори не се решение:

„Таман работа да останеме без Влада. Не ни теба тоа. Нови избори не ги решаваат работите. Ќе ги повториме резултатите. Влада треба да се формира“, рече Заев.

Од СДСМ, пак, и денеска порачаа дека продолжуваат со сериозните разговори за формирање „стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат“. Од партијата додаваат и дека новото мнозинство и Влада ќе бидат ослободени од национализам.

- Реклама -