Заев, Османи и Димитров денеска на работна вечера кај Макрон

Фото: Од средбата во пресрет на Самитот на ЕУ за Западен Балкан, кој се одржа во Софија, мај 2018 година

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања – Никола Димитров, и министерот за надворешни работи – Бујар Османи, денеска во Париз ќе остварат средба со францускиот претседател Емануело Макрон, информираше владината прес-служба.

Во рамки на посетата, со која се одбележуваат 28 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, ќе се оствари и работна вечера со претседателот на Франција, Макрон, велат од Владата.

Прочитајте и:  Николоски: Ако сработиме добро со Франција, дипломатски тешкаш за едно попладне во Софија би го решил проблемот
- Реклама -