Заев остварил средба со Сорос за да се консултира, велат од Владата

Откако дел од медиумите објавија дека викендов премиерот Зоран Заев во Охрид остварил средба со синот на Џорџ Сорос, денеска од Владата ја потврдуваат информацијата. Се работи за Александар Сорос – заменик-претседавач на Фондациите „Отворено општество“, кои, како што се вели во одговорот, се залагаат за унапредување на човековите права, правда, подобро јавно здравство и образование.

Како што велат од Владата за „А1он“, средбата со Александар Сорос била остварена поради консултации за новата регионална инцијатива за Западен Балкан и е само една во низата средби со меѓународни организации кои даваат придонес и експертиза за иницијативата, остварени во Охрид и Нови Сад. Средби биле остварени и со претставници на Европската комисија, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и Регионалниот совет за соработка.

Прочитајте и:  Заев единствен од Балканот спомнат во новите мемоари на Меркел, опишан е како храбар и решителен

Во иницијативата нема ништо тајно, велат од Владата, и покрај тоа што средбата ниту беше најавена, ниту за истата имаше официјално известување. Засега, мистерија останува и за што се разговарало на средбата. Повеќе детали ТУКА.

Заев се сретна со Александар Сорос и во август (фото горе).  „Одлично потрошено време со премиерот Зоран Заев. Разговаравме за неискористениот економски потенцијал на Северна Македонија и за зајакнување на регионалната соработка во корист на сите северно македонски граѓани“, напиша тогаш синот на милијардерот на Твитер.

 

- Реклама -