Заев: Со „Отворен Балкан“ го покажуваме нашиот капацитет за брзи, ефикасни и напредни реформи пред европските институции

„Отворен Балкан“ е автентичен, заеднички процес на Северна Македонија, Албанија и Србија, но иницијативата е отворена за сите земји во регионот. Договорите за единствен пазар на трудот во регионот се од огромно значење за граѓаните – изјави денеска премиерот Зоран Заев во Тирана, во обраќањето на состанокот кој започна утрово со работна средба на тројцата лидери на иницијативата (премиерот на Албанија – Еди Рама, и претседателот на Србија – Александар Вучиќ, покрај Заев).

Поздравно обраќање на состанокот имаше и еврокомесарот за проширување Оливер Вархјеи.

„Од првата средба во Скопје во јули и првото потпишување на договорите, покажавме дека силната политичка волја може да се трансформира во брзо функционирање на нашите институции, што несомнено го покажува нашиот капацитет како земји за спроведување брзи, ефикасни и напредни реформи. Токму овој капацитет ќе го покажеме пред европските институции на патот на нашите евроинтеграции“, посочи Заев.

Извор: МИА

- Реклама -