Заев пиша СМС до членството: „СДСМ е во акција, уважете сечив став“

Лидерот на СДСМ – Зоран Заев, испратил СМС порака до членството на партијата со повик за целосна мобилизација за  вториот круг на локалните избори. Заев побарал секој од членовите и поддржувачите да повика на „обединување“, но и да се уважи секој став на граѓаните.

„Другари и другарки СДСМ е во акција! Разговарајте со граѓаните и уважете сечив став. Барам секој од вас да повика на обединување за да продолжиме напред. Ваш Зоран Заев“, порачал лидерот на СДСМ во пораката, како резултат на значителниот пораз во првиот изборен круг.

Извор: Центар.мк

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски
- Реклама -