Заев: Политиките донесени во последните 4 години сосема го променија пристапот кон справување со ретките болести

„Воведуваме системски пристап на грижа за луѓето кои живеат со ретка болест и го зголемуваме бројот на достапни лекови. Политиките донесени во последните 4 години сосема го променија пристапот кон справување со ретките болести и грижата за пациентите“; објави денеска премиерот Зоран Заев, по повод крајот на месецот посветен на ретките болести.

Заев наведе дека:

• Зголемен е бројот на пациенти кои примаат терапија преку Фондот за здравствено осигурување;
• Го зголемивме буџетот за ретки болести. Во 2017 година тој изнесуваше 213 милиони денари, а во 2020 година е дуплиран и изнесуваше 527 милиони денари;
• Зголемен е и бројот на лекови и достапни терапии за многу дијагнози и групи на ретки болести кои претходно не беа достапни во нашата земја;
• За првпат е воспоставен електронски регистар на ретки болести;
• Околу 560 пациенти во регистарот за ретки болести се целосно покриени со соодветна и најсовремена терапија;
• Националната стратегија за ретки болести 2020-2030 дополнително ќе овозможи унапредување на законодавството според европските регулативи за лекови за ретки болести и унапредување на експертизата на медицинскиот персонал во Северна Македонија.

Прочитајте и:  Заев единствен од Балканот спомнат во новите мемоари на Меркел, опишан е како храбар и решителен

„Во завршницата на месецот посветен на ретките болести и на кампањата ‘Ги запознаваме ретките болести’, Владата на Република Северна Македонија, Министерството за здравство и јас како премиер, го даваме нашиот придонес и поддршката на нашите сограѓани кои се справуваат со ретки болести и на здруженијата кои им даваат гласност на овие наши сограѓани, пријатели и деца“, напиша Заев.

- Реклама -