Заев и семејството со честитка за празниците: Дочекајте ја Новата 2020 со љубов и ентузијазам

Премиерот Зоран Заев им ја честита Новата година на граѓаните. Преку порака на Фејсбук, им порача да ја дочекаат 2020-та со љубов и ентузијазам, а празниците да ги поминат во топлината на своите семејства, заедно подготвувајќи се за новите предизвици:

„Празниците носат посебни чувства на радост, топлина и убавина во секој дом. Да ги искористиме за да се видиме со најблиските, да си раскажеме и заеднички да се подготвиме за новите предизвици.

Имајте убави последни денови од 2019 година и дочекајте ја Новата 2020 со љубов и ентузијазам“, порача Заев со своето семејство.

Прочитајте и:  Заев единствен од Балканот спомнат во новите мемоари на Меркел, опишан е како храбар и решителен
- Реклама -