Заев: Унгарија е наш голем поддржувач во евроинтеграциите и соработник на економски план

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари средба со делегација од амбасадата на Р.Унгарија во земјава предводена од амбасадорот, Ласло Дукс.

На средбата се разговараше на повеќе актуелни теми, како процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, членството во НАТО, напредокот на земјава изминатите 2.5 години, спроведувањето на реформите, актуелната политичка ситуација во земјата и посебно претстojните пapламентapни избopи во април, информираат од СДСМ.

Заев од своја страна го посочил позитивниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава, кој беше објавен денеска, како особено важен, бидејќи во него се констатира значителен напредок во спроведените реформи, со препорака до Советот да се отворат преговори со Република Северна Македонија.

„Овој Извештај е уште една потврда за нашата посветеност на реформите кои се важни за државата и за иднината на нашата земја во Европската Унија, затоа што како држава, сторивме се за да ги исполниме потребните реформи и тоа го остваривме. Сега на ред е Советот на Европската Унија и Европскиот Совет, кои треба да го има предвид овој Извештај и методологијата што беше донесена и да ги отвори преговорите за членство со нашата земја“, истакнал Заев.

Во однос на престојните пapламентapни избopи, Заев истакнал дека многу е важно тие да бидат регулapни, фep и демокpaтски, затоа што тоа би било уште една потврда дека сме демократски зрела држава и нашето место е во Европската унија.

Прочитајте и:  Заев единствен од Балканот спомнат во новите мемоари на Меркел, опишан е како храбар и решителен

Друга тема на која се разговарало била и актуелната мигрантска криза, особено по отворањето на гpaниците од страна на Р.Турција и очекувањата на зголемен прилив на мигpaнти, вклучително и кон нашата земја, како и справување со целата таа ситуација. Заев посочил дека државава е подготвена за ситуацијата и е во постојана координација и со Р.Грција и Р.Бугарија, но и отворена за соработка, насоки и стратегии со земјите членки на ЕУ, иако сѐ уште не е членка на Унијата.

Амбасадорот на Р.Унгарија во земјава – Ласло Дукс, истакнал дека Р.С.Македонија има огромна поддршка од Р.Унгарија во поглед на нејзината евроинтеграција. Според него, Унгарија тоа веќе го потврдила и на самитиот во октомври минатата година, а најавил дека така ќе биде и овојпат во март. Дукс изразил надеж дека земјава конечно ќе го добие датумот за почеток на преговори, информираат од СДСМ.

На средбата, исто така, двете страни се согласиле дека двете земји отсекогаш имале добри и пријателски односи и тоа ќе продолжи и во иднина и во насока на економска соработка и можни инвестиции на Р.Унгарија во Р.С.Македонија.

- Реклама -