Преку организирањето на Македонско-рускиот бизнис Форум, власта не бара алтернатива за ЕУ, тврди премиерот Зоран Заев. На Форумот, што се одржува по пауза од 5 години, за прв пат учество земаат високи владини претставници, што според рускиот амбасадор, е доказ дека се посветува големо внимание за развој на соработката со Руската Федерација и Евроазиската економска унија.
За повторно заживување на овој форум одлука била донесена уште во 2017 година за продлабочување на економската соработака со Русија .
“За мене алтернатива на ЕУ и НАТО не постои, тоа и нашиот народ ни го кажува, повеќе од 80% од нашите граѓани се за интеграцијата на Република Северна Македонија во Европа и во НАТО. Наш интерес е, впрочем како што тоа и европските и НАТО земјите тоа го прават, да соработуваат со остатокот од светот. Ние соработуваме и со Русија и со Кина и со Блискиот Исток и со многу Азиски земји, како што е Индија и други земји, затоа што тоа носи просперитет и бенефит на нашиот народ”, вели премиерот Зоран Заев.
Сепак, тврди дека, сето ова не значи никаква порака до ЕУ, ниту, пак, алтернатива во случај да не добиеме датум за почеток на преговори.
Руските претставници во Македонија гледаат перспективен економски партнер со голем потенцијал за соработка.
“Отворени сме за дијалог во различни формати со сите заинтересирани играчи, вклучувајќи ја се разбира и Северна Македонија, чии деловни кругови мислам дека прекасно сфаќаат дека со влегувањето на рускиот пазар тие автоматски добиваат пристап до многу поголемиот пазар на Евроазиската економска унија”, изјави Сергеј Баздникин, амбасадор на Русија во Македонија.
Повеќе на СИТЕЛ.