Заев: Во борбата со дезинформациите тие што се противници на транспарентноста и медиумската писменост се сојузници на лагата

Премиерот Зоран Заев во интервју за интернет изданието на словенечко „Дело“ го пренесува искуството на земјата со хибридните кампањи со кои се соочува и истакнува дека тие се придружувани постојано со дезинформации, со ширење говор на омраза, со штети по македонскиот идентитет, со подгревање опасен внатредржавен и меѓудржавен национализам и други облици на хибридни закани против демократијата во нашето општество и во регионот.

„Она што треба да го знаат граѓаните на Словенија, на Северна Македонија и на сите земји во регионот и во светот кои се справуваат со пропагандните лаги, е дека владите кои се противници на лажните вести се оние влади кои се отворени, транспарентни и отчетни, а степенот на отпор на граѓаните кон нападите со дезинформации зависи од нивото на медиумска писменост на населението“, вели Заев во интервјуто за „Дело“.

Прочитајте и:  Заев единствен од Балканот спомнат во новите мемоари на Меркел, опишан е како храбар и решителен

Заев нагласува дека колку повеќе општеството е поотворено и поотчетно, и колку повеќе се вложува во медиумската писменост, толку побрзо, подобро и поефикасно е справувањето со дезинформаторите.

„Тие што ќе станат противници на транспарентноста и медиумската писменост, тие се сојузници на лагата. Со првите поголеми закани од овој тип се соочивме во еден подолг период кога ги правевме решителните чекори за решавање на спорот за името на нашата држава со Грција, кои ја добија кулминацијата во пресрет на референдумот за промена на името“, потенцира претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за електронското издание на угледниот словенечки весник „Дело“.

- Реклама -