Заев за пукaњeтo на митинг на ДУИ во Чаир: Ова е недозволиво и не смее да се повтори, не ме интересира кој е – секој да си одговара

„Министерството за внатрешни работи постапува по случајот каде на отворање на изборен штаб на ДУИ во Чаир, било пукано во воздух од огнено оружје“, потврди денеска премиерот Зоран Заев, наведувајќи дека од МВР го информирале дека работат на случајот.

„Без разлика за кого се работи ова е недозволиво. Не знам која била намерата, ако некој мисли дека така привлекува гласови се лаже. Тоа одвраќа гласови. Демонстрацијата на сила, мускули и не знам што, па и пукање во воздух, е навистина недолично за земја аспирант за членство во ЕУ и на крај не е прагматично добро. Јас јавно му кажав и на министерот за внатрешни работи да се постапува по сите случаи, не ме интересира кој е, секој да си одговара, поради тоа што ова не смее да се повтори“, изјави премиерот Заев.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Настанот се случил на 27 септември во Чаир, во време кога пред симпатизерите на партијата говор држел пратеникот Изет Меџити. На овој настан исто така присуствуваа и првиот вицепремиер – Артан Груби, заменик-министерот за внатрешни работи – Назим Буши, градоначалникот на Чаир – Висар Ганиу, и други кандидати од листата на советници на ДУИ.

- Реклама -