Заев за „РСЕ“: Со некои кандидати на ДУИ реално се изгоревме

„Политички ставови се градот логично на моментот на којшто настапувавте“, вели лидерот на СДСМ и коалицијата „Можеме“ со Беса – Зоран Заев, во интервју за „Радио Слободна Европа“, прашан зошто пред две години СДСМ ги поддржала кандидатите на ДУИ против Беса, а сега обратно.

„Тогаш беа локални избори. Ние бираме кандидати зад кои застануваме. Имаше кандидати зад кои и не се појавивме или тие не се појавија зад наши кандидати. Но застанавме зад соодветни кандидати во кои верувавме, иако се изгоревме реално со некои кандидати. Бевме заедничка коалиција“, вели Заев во интервјуто.

Прашан од кој кандидат најмногу се „изгореле“, односно најмногу жали, Заев го посочи струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

„Господинот Мерко. Жалам. Еве зошто жалам. Едноставно е. Може градоначалникот на Охрид да постапува, тоа не е така пријатна надлежност на општините, во Струга не се постапува. Јас сум пријател со градоначалниците, соработував како премиер, помогнавме со 50 милиони евра, со илјадници проекти насекаде, тоа е заедничка наша земја и така треба да се развиваат општините. Но заедно треба да ги преземаме и обврските…“, одговори Заев.

Во интервјуто, тој ја посочи и администрацијата како еден од најголемите кочничари на државата. Прочитајте ТУКА.

- Реклама -