Заев за снимката со српскиот бизнисмен: Сето она што го зборува опозицијата е „бла-бла“

„Чуден е овој Мицкоски и неговите околу него. Знаете како, секаде тој се слуша во едни други ‘бомби’ – како тој договара, како прави криминал, како заштитува криминалци, како го опструира носењето на Законот за јавно обвинителство, како редовно прима пари за финансирање на партии на кампања, и тоа го покажува грдото лице. Од друга страна, се обидуваат со разговори помеѓу трети лица да го инволвираат Заев“, рече лидерот на СДСМ и коалицијата „Можеме“ Зоран Заев денеска во Штип, прашан да ја коментира снимката со разговор меѓу Зоран Милевски – Кичеец и српскиот тајкун Миодраг Давидовиќ – Дака.

Снимката беше објавена вчера, а во неа се спомнуваат 300.000 евра кои бизнисменот му ги дал на Кичеец за некаква зделка/услуга околу бизниси поврзани со хидроцентрали и со ветерници во Тетово и во Штип, но се  спомнува и референдумот, како и имињата на ген-секот на владата Драги Рашковски и Заев како премиер.

Продолжувајќи со одговорот, Заев истакна дека е докажана неговата чесност:

Прочитајте и:  Заев единствен од Балканот спомнат во новите мемоари на Меркел, опишан е како храбар и решителен

„Заев работел чесно, Заев работел поштено, Заев покажал комплетна посветеност за својот народ и својата земја.

Уште еднаш ќе испратам порака до сите – дека сето ова што власта го правеше во целиот овој период е конкретно, видливо и докажливо. Сето она што го зборува опозицијата е бла-бла, ништо повеќе.

Требаше храброст за да падне режим 2015-та? Видоа храброст. Требаше храброст да го обединиме нашето мултиетничко општество, да го создаваме концептот за едно општество за сите, за да денеска имаме мирни духови – еве им храброст. Требаше храброст да се решат споровите со Грција и Бугарија, 30 години отворени – покажавме храброст. Требаше храброст за стратешките цели на државата – членство во НАТО и одлука за почеток на преговорите – покажавме храброст.

И додека сите овие прашања ги решававме, ја кренавме економијата – од -1,8 на 3,6. Покажавме и докажавме дека има пари за сите“, рече Заев.

 

- Реклама -