Загатката која речиси никој не може да ја реши

Се повеќе луѓе ја менуваат сликата на профилот на Facebook со фотографија на жирафа. Објаснувањето на овој феномен е тоа дека корисниците на социјалната мрежа ја заменуваат сликата со жирафа, откако не можат да го пронајдат одговорот на  една загатката.

Прашањето што бара одговор е:

„Времето е 3 наутро, на вратата ѕвони ѕвончето и вие се будите. Неочекувани посетители! Тоа се вашите  родители, кои дошле за појадок. Имате слатко од јагоди, мед, вино, леб и сирење. Што ќе отворите? ”

Facebook корисниците кои не успеале да го одговорат правилно прашањето (иако и ние не знаеме кој е вистинскиот одговор) треба да ја сменат сликата на профилот со фотографија на жирафа и да го објавуваат прашањето, барајќи од своите пријатели да им испратат лична порака со одговор.

Загатката се шири на социјалните  мрежа, добивајќи различни одговори.  Сличен феномен на Facebook имаше во 2010 година, кога корисниците ја менуваа сликата со својата омилена карикатура. Се покажа дека тоа е дел од кампањата за поддршка на децата.

- Реклама -