Захариева го повикува Мицкоски „да не шиpи нaциoнaлизaм“ за сметка на соседите

„Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се обидува одновно да ги разбуди нaциoналиcтичките чувства, кои сѐ уште се доста силни во Северна Македонија, но во никој случај тоа не треба да го прави за сметка на соседите. Ова е уште еден апел до нив“, порача бугарската вицепремиерка и министер за надворешни работи Екатерина Захариева во интервју за бугарската „Нова ТВ“, коментирајќи ја изјавата на Мицкоски дека за него и за ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо сѐ што е прифатливо за двете држави, но не и негирањето на македонскиот јазик и присвојувањето на Гоце Делчев како Бугарин.

Захариева истакна дека го поддржува ставот и изјавата на премиерот Бојко Борисов – дека ако Македонија сака да стане членка на НАТО и ЕУ, треба да заборави на „антибугарската реторика“.

„Тие сакаат да се дел од едно семејство – ЕУ, но треба да си ги поправат односите со соседите. Со години има антибугарска реторика. Имаше позитивен развој во последните две години, но едноставно не може да сакате да седите на округла маса каде се дискутираат некогаш и исклучително тешки одлуки на низа Европски совети, а истовремено да имате отворени билатерални спорови со соседите. Не може ЕУ да допушти да има нерешени прашања пред членството на една држава“, рече Захариева.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството

Таа додаде дека македонските политичари не треба да им ги префрлаат проблемите на соседите и констатираше дека „cpaмота е личности како Гоце Делчев да нѐ делат“. Непpиjaтелското однесување и реторика, според неа, ја враќаат Северна Македонија назад, при што таа посебно ја посочи ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски.

„Ќе ја поддржиме нивната европска перспектива, но нема да отстапиме од нашите позиции“, децидна е шефицата на бугарската дипломатија.

 

- Реклама -