Захарова: Без помошта од Запад режимот на Зеленски нема да издржи ниту еден ден

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска на прес-конференција го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека прави „сè што му диктира Западот“ и со тоа „продолжува со воените операции до последниот Украинец“.

„Зеленски е подготвен да ги жртвува животите на своите граѓани сè додека пристигнува финансиска и воена помош од Западот. Без неа, властите во Киев нема да издржат ниту еден ден“, рече таа.

Прочитајте и:  НАТО и Киев закажаа состанок: Руското експериментално оружје нема да има ефект во конфликтот, ниту ќе ги одврати сојузниците од поддршката за Украина
- Реклама -