Захарова: Украина ја нападна руската флота на Крим на барање на странски разузнавачки служби

Украинскиот напад врз руската црноморска флота на Крим „е извршен на барање на американските и британските разузнавачки служби“ и во координација со нив, изјави портпаролката на руското МНР Марија Захарова.

„Нема сомнеж дека нападот бил планиран со користење на западно разузнавање, сателитска опрема на НАТО и извидувачки авиони“, рече Захарова.

Таа додаде дека нападот во петокот бил извршен „на барање на американските и британските разузнавачки служби и во тесна координација со нив“.

МИА

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -