Законот за јазици ќе се најде пред Уставен

Политичката партија Левица, која поднесе иницијатива за оценување на уставноста на Законот за јазици, познат и како „Закон за двојазичност“, добила повратен одговор од Уставниот суд.

Како што објавија на Фејсбук, од Уставен им одговориле дека предметот за оценување на прописот е во завршна фаза и очекуваат во најбрз можен рок да биде ставен на дневен ред на седница на Уставниот суд.

Од Левица наведуваат дека законот е дел од Тиранската платформа, дека добил негативна рецензија од страна на Венецијанската комисија, дека бил илeгaлно пpoшвepцуван во Собранието, како и дека е објавен во Службен весник без потребниот потпис од претседателот. Од овие причини, од партијата очекуваат Уставниот суд со мериторна одлука да го поништи, како што велат, овој контpoвepзен закон. Во февруари, пак, Димитар Апасиев напиша колумна во која нашироко објаснуваше зошто Уставен ќе мора да го поништи Законот за јазици (ТУКА).

Прочитајте и:  Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка

Од Левица додаваат и дека партијата ќе ги искористи сите институционални и вонинституционални методи на политичка борба, со цел ставање крај на „ова беззаконие“.

- Реклама -