Познатиот холивудски пар Анџелина Џоли и Бред Пит модно се усогласија за доделувањето на британските филмски награди кое се оддржа вчера вечер во Лондон.
На доделувањето на британските филмски награди во Лондон присуствуваа голем број на ѕвезди, меѓу кои беа и познатиот пар Анџелина Џоли и Бред Пит. Двајцата се појавија во одела кои не се разликуваа премногу.
Тие беа облечени во посебно прилагодени формални костуми, и еднинствена разлика беше лак-вратоврската, која Анџелија ја оставила неврзана, и високите потпетици кои ги облекла за овој свечен повод.
38-годишната актерка заблеска во црното сако на Сен Лоран и црни панталони, додека Бред се одлучил за истата облека, со мали прилагодувања.
Толпата обожаватели не го пропушти и романтичниот момент кога Анџелина ја поправи машната на својот драг сопруг за да изгледа што поубаво на црвениот тепих за оваа важна вечер.
И се чини дека за црната боја се одлучиле и поголемиот број од познатите гости, и мажи и жени, кои играле на сигурно и избегнувале отстапување од мнозинството.