Најефикасните сретства во борбата против стареење се наоѓаат во фрижидерот! Еликсирот на младоста не постои, процесот на стареење не може да се запре, но со честата конзумација на зрнестото овошје, цреши, вишни, калинки, домати, маслинки, можете значително да го успорите.
Британските истражувачи од Универзитетот од Шефилд велат дека треба да се заборави на „магичните“ креми. Вистинскиот „лек“ против стареење е во фрижидерот. Не можете да го запрете процесот на стареење, но може да се успори ако редовно конзумирате храна која ќе го одложи и минимизира ефектот на стареење.
Овие намирници богати со антиоксиданси се одлични сојузници во борбата против стареењето, бидејќи го спречуваат разложувањето на колаген во кожата и воспалителните процеси кои придонесуваат за формирање на брчки. Бобинки, цреши и калинки се богати со витамин Ц, кој е поврзан со хидрогенизација на кожата и го спречува развојот на брчки.
Нема сомнеж дека маслинките се здрави за срцето, но и одлични за здравје на кожата. Освен што ја навлажнува кожата, маслиновото масло е богато со антиоксиданси, кои помагаат во заштитата на телото од слободните радикали кои предизвикуваат стареење.
Морковите, праските и кајсиите се добар извор на витамин А, добиени од бета каротин, кој е важен за здрав раст на клетките, хидратизирање на кожата, спречување на првут и намалување на брчки.
Храна богата со ликопен- домати и лубеници- го стимулира производството на про-колаген, протеин кој ја оддржува здравата структура на кожата. Истражувањата покажаа дека исхраната богата со готвен домат може да помогне во спречување на оштетување на кожата предизвикано од УВ зрачење и до 30 проценти.
Масната риба, како што е дивиот лосос, богат со омега-3 масни киселини, има противоспалителни хранливи материи, кои ја хидратира кожата и дава здрав сјај.