Зaмоци претворени во луксузни хотели

замоци хотелиОдамна помина времето кога ви требаше благородна титула за да преспиете во замок. Денес, сите можеме да престојуваме во поранешните резиденции на кралеви и владетели. Во Европа, но и во целиот свет, сè повеќе замоци стануваат луксузни хотели. Еве неколку хотели во Европа, Северна Африка, па дури и САД во кои ќе добиете кралски третман.


Одамна помина времето кога ви требаше благородна титула за да преспиете во замок. Денес, сите можеме да престојуваме во поранешните резиденции на кралеви и владетели. Во Европа, но и во целиот свет, сè повеќе замоци стануваат луксузни хотели. Еве неколку хотели во Европа, Северна Африка, па дури и САД во кои ќе добиете кралски третман.

замоци хотелиЗамокот Амберли, Англија

Замокот Амберли во Англија има легендарна историја која започнува пред околу 900 години. Тука престојувала кралицата Елизабета I од 1588 до 1603, Чарлс II бил чест посетител, а замокот дури и бил под опсада кога Кромвел го нападнал за време на Англиската Граѓанска Војна. Во замокот се влегува преку подвижен мост и неверојатна порта направена од дабово дрво (портата понекогаш се спушта навечер). Ѕидовите високи 18 метри, на кои се уште стојат кулите, целосно го затвораат централниот двор во кој е сместена прекрасна градина. Одличната средновековна атмосфера е сè уште присутна, собите и ходниците се украсени со витешки оклопи, а по ѕидовите висат таписерии, самострели и други типови на оружја. Хотелот располага со само 19 луксузни соби во кои има елегантни кревети со завеси, стари ѕидни украси и теписи, но и модерни придобивки како џакузи бањи.

замоци хотелиЗамокот Ашфорд, Ирска

Уникатно искуство ги очекува посетителите на овој ирски замок од тринаесетиот век (изграден во 1228 година) на крајот на регионот Конемара во западна Ирска. Порано овој замок бил летно престојувалиште за кланот Гинис, Ашфорд однадвор е целиот украсен со високи ѕидови, кули и подвижни мостови, но внатрешноста е рафинирана, со украсни лустери, огништа, луксузен средновековен мебел и уметнички дела. Но, елеганцијата на заедничките простории не е пресликана во сите соби на овој хотел, таа чест е резервирана само за апартманите. Замокот има уредени градини и диви шуми кои покриваат површина од 141 хектар на брегот на Лох Кориб, второто по големина езеро во Ирска. За време на престојот, гостите можат да научат и средновековна уметност во школото за соколарство на хотелот.

замоци хотелиЗамокот на реката Хадсон, САД

Жителите на Менхетен на кои им е преку глава од гужви, смог и подземни возови, можат да отидат само 40 километри на север, преку реката Хадсон, и да се опуштат како благородници. Иако овој американски замок никогаш не бил дом на кралско семејство, но барем изгледа така, со високи ѕидови од камен, кули, уредени градини и сите украси кои можат да се најдат во палата. Изграден помеѓу 1897 и 1910 година, овој хотел има само 5 луксузни соби достојни за кралеви.

замоци хотелиЗамокот Шато де Касл Нувел, Франција

Во мирен дел на рурална Франција, елегантниот Шато де Касл Нувел, на своите гости им нуди не само луксузно сместување, туку и шанса да се искуси уникатна комбинација на историја, гастрономија и природа. Сместен во регионот Лимузин, овој замок од четиринаесетиот век оригинално бил наменет како воен гаризон, што сè уште се познава по кружните кули и донжонот, но во деветнаесетиот век бил преуреден, па сега овој хотел има типичен ренесансен изглед. Хотелот има 27 соби и луксузни апартмани кои се достапни за посетители.

замоци хотелиШато де ла Бурдесие, Франција

Ако ве возбудува помислата за престој во замок од бајките, но не можете да си го дозволите тој луксуз, тогаш овој француски замок е токму за вас. Во овој хотел можете да престојувате со вашиот партенер за само околу 130 евра од ноќ. Изграден во петнаесетиот век за љубовницата на кралот Франсоа I, денес замокот е романтична дестинација, чиј сопственик е вистински принц (Принцот Луи Албер од Броли). На помалку од еден час возење од Париз, и опкружен со 56 хектари шума, замокот и овозможува на гостите да живеат како благородници, со 11 луксузни соби и три апартмани (и уште шест соби во соседниот Павилјон Шоисул), базен со греење, тениски игралишта и многу други луксузи.

замоци хотелиПалатата Грити, Италија

Нарачана во 1525 како резиденција за венецијскиот Војвода, ова луксузно сместување било посетувано од многу државници, благородници, писатели и филмски и рок ѕвезди. Иако некои луѓе велат дека палатата била и подобра, сепак е речиси 500 години стара, други тврдат дека нема пославен хотел со побогата историја во цела Венеција. На која страна и да застанете, неоспорно е дека палатата има уникатна локација, веднаш до Големиот Канал, и има неверојатен поглед. Палатата има 91 соба и апартмани украсени со мебел во карактеристичен венециски стил.

замоци хотелиКасба ду Тубкал, Мароко

Додека до другите хотели на оваа листа се стигнува со кола или траект со личен шофер, гостите на Касба ду Тубкал во Мароко пристигнуваат јавајќи магариња, или пеш. Сместен на карпа во подножјето на највисокиот врв на планините Атлас, и оддалечен околу еден час од Маракеш (плус 15 минути искачување), овој рустичен хотел со 17 соби порано бил летна резиденција (која има и зандана) на локалниот француски владетел од 1945 до независноста на Мароко во 1956 година. Денес, хотелот има добиено награди за екотуриститички хотел (кој глумел тибетански манастир во филмот Кундун на Скорсезе), и е популарен кај планинарите и оние кои сакаат да уживаат во падините на планините Атлас.

замоци хотелиПалатата Белмонте, Португалија

Изградена врз староримски и маварски ѕидини, палатата Белмонте не е само најстарата градба во Лисабон, туку и најстарата палата на оваа листа. Темелите потекнуваат уште од околу 130 година пред новата ера, и се наоѓаат на рид кој го надгледува градот и реката Тагус. Палатата била претворена во хотел неодамна, откако била извршена реставрација која ја вратила во состојба достојна за благородници. Последните сопственици, Ерлот од Белмонте и неговите потомци живееле во палатата пет века. Палатата има 11 апартмани украсени со разнобојна свила, со простории за одмор и тераси со прекрасни видици. Но тоа не е сè – палатата има базен со црн мермер, библиотека со 4000 книги, африкански и јапонски артефакти, тавани со цигли од седмиот век, и околу 30000 португалски плочки од осумнаесетиот век кои заедно со увезените артефакти на палатата и даваат луксузна атмосфера.

замоци хотелиЕзерската палата, Индија

Ако сакате да се чуствувате како махараџа, нема подобро место за тоа од романтичната езерска палата од бел мермер која плови на езерото Пичола, во Раџастан. Оваа величествена палата изгледа толку нереално што нема да им верувате на сопствените очи. Изградена како летна резиденција во средината на шеснаесетиот век за Махараџа Џагат Синг II, и била наменета само за опуштање, а истиот принцип сè уште важи. Оваа палата има 83 соби и 17 апартмани украсени со луксузна свила, мурали, и дрвен мебел. Во палатата престојувале и достоинственици како Кралицата Елизабета II, Шахот на Иран и Кралот на Непал.

замоци хотелиЗамокот Ватерфорд, Ирска

Овој изолиран и величествен замок се наоѓа на остров од 125 хектари кој се наоѓа во реката Суир во јужна Ирска. До островот се стигнува само со приватниот траект на хотелот. Изолираноста нуди потполно опуштање, а ако тоа ви е малку, можете да играте голф, да јавате во околните шуми (кои не се на островот) или да се забавувате на вода. Високи ѕидови и кули, го опкружуваат овој замок изграден во шеснаесетиот век кој има 19 луксузни соби и богатие заеднички простории украсени со шарени таписерии, стари предмети и средновековнен декор. Сопственици замокот од кога бил изграден до деветнаесетиот век биле фамилијата Фицџералд, замокот станал хотел во 1988 година.

- Реклама -