Замрзнато Чикаго: Како изгледа ветровиот град под мраз

Како што температурата во Чикаго се издига над нулата за прв пат во 37 часа во вторникот попладне, се чини дека малку олеснување конечно е на повидок за овој ветровит град.

Многу температурни рекорди деновиве биле надминати во САД, каде владее екстремен студ.

Поларниот вортекс влијаел на животите на речиси 190 милиони луѓе, а во Кентаки поради студовите, се предал еден побегнат затвореник, јавуваат амаериканските медиуми.

Рекорди се урнати во Алабама, Џорџија, Тенеси, Арканзас, Мичиген, Мериленд, Охајо, Пенсилванија и Њујорк, а најниската температура во земјата била забележана вчера во Ембрејс во Минесота, каде што биле измерени -37 степени целзиусови.

Според Ројтерс, најмалку девет лица во САД настрадале поради поларниот студ, кој во последните неколку денови ја зафатил Северна Америка.

Прочитајте и:  Гринфилд: Се додека Украинците се борат против инвазијата и идеологијата на „посилниот секогаш е во право“, САД ќе ги поддржуваат

- Реклама -