Занимливости за Лихтенштајн – земјата без криминал

20131011_liechtenstein_1109[1]

Пред неколку години, Лихтенштајн донесе правилник за однесување на доселениците. Во него стои дека е строго препорачливо да се биде многу тивок во официјалното време за ручек – од 12 до 13:30 часот. Оваа мала земја, составена од 11 села на површина од 160 km2 и со население од околу 37.000 жители, крие многу интересни занимливости.

– Во Лихтенштајн речиси и да нема криминал. Последното евидентирано убиство се случило во 1997 година, а во државата има едвај неколку затвореника. Секој кој е осуден на казна подолга од две години оди во затвор во Австрија. Луѓето во оваа земја се чувствуваат толку безбедно што не ги ни заклучуваат вратите од домовите.

– Во една ситуација, Швајцарија ненамерно изврши „инвазија“ врз Лихтенштајн, кога 170 швајцарски војници, наоружани со пушки без муниција, за време на една воена вежба случајно ја преминаа границата.

– Еднаш годишно, сите жители се повикани на забава и пиво во дворовите на дворецот Вадуц.

– Главен и најголем град е Вадуц. Во Вадуц живеат околу 5.400 жители.

– Лихтенштајн е најголем светски произведувач на вештачки заби. Компанијата Ivoclar Vivadent го предводи светот во производство на вештачки вилици и навлаки, со вкупен удел на пазарот од 20%.

– Пред пет години постоеше можност да се изнајми целата држава на една вечер. Во соработка со Airbnb сервисот, понуден беше простор за сместување на 150 гости, дегустирање на вино со принцот и создавање на персонализирани парични валути од привремен карактер. Задоволството чинеше 70.000 долари.

– Химната на Лихтенштајн – „Oben am jungen Rhein“ има потполно иста мелодија со химната на Велика Британија – „God Save The Queen“.

– Официјален јазик е германскиот, но жителите воглавно не го говорат. Повеќето зборуваат на алеманско наречје, кое се разликува од стандардниот германски јазик.

– Сé до 1984 година, заради пропаѓањето на три референдуми, жените во Лихтенштајн немаа право да гласаат на избори. На референдумите смееја да излезат само мажите, така што референдумот успеа дури во четвртиот обид, со 51.3% од гласовите ЗА.

- Реклама -