Започна „Недела на ресторани“ во Скопје

 Во Скопје започна уникатен гастрономски спектакл „Недела на ресторани“. Во наредните денови граѓаните и посетителите на Скопје ќе можат да уживаат во разновидни специјалитети приготвени во 50 ресторани.

Покрај традиционалната македонска кујна, ова е одлична можност за гурманите да експериментираат со различни типови на кујни, како што е арапската, кинеската, италијанскатаa, медитеранскaта, шпанскaта и слично и тоа по пристапна цена. Идејата е инспирирана по примерот на светските метрополи.

SRW-Restorani -OVA-01

Овој настан трае една недела односно до 12 мај. Во рестораните веќе има одличен одѕив и голем број резервации. Не пропуштајте је можноста да бидете дел од овој настан и да резервирате место во вашиот омилен ресторан.

Менијата составени од предјадење, главно јадење, десерт и чаша вино по единствена цена од 333 денари можете да ги разгледате на следниот линк: www.nedelanarestorani.mk. Целта е менијата со атрактивни цени да привлечат што поголем број посетители и да ја демонстрираат автентичноста и стилот на готвење на секој ресторан.

 

- Реклама -