Започна шестото издание на Поетскиот фестивал во Скопје.

Синоќа, во 20:00 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје, се отвори 6. Скопски поетски фестивал под наслов „(СО) СТИХ СПРОТИ НАРАТИВ!“.
Фестивалот ќе трае до 9 мај, а на него ќе учествуваат поети од Кина, Хрватска, Словенија, Турција, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора и Македонија.
‒ Мотото на овогодинешниот фестивал е „(СО) СТИХ СПРОТИ НАРАТИВ! (Поезија, политика, пропаганда…)“. Оваа поетска манифестација го слави 100-годишнината од раѓањето на Ален Гинзберг, истакнувајќи ја актуелноста на неговите дела и нивната способност за толкување на современите светски состојби – изјавија организаторите.
Претходно, од 18:00 часот, во киното „Фросина“ во МКЦ, се одржа читачка промоција на поетската збирка „Техна и епистема“, која е посветена на 5 години од „Отскочна даска“, а ја објави „ПНВ Публикации“ од Скопје.

На програмата е и поетско-музичкиот перформанс „Другиот не сум јас“, кој го изведуваат Марија Вујошевиќ и Барбара Делаќ од Црна Гора, а почнува во 21:30 часот во киното „Фросина“ во МКЦ.
Автор на постерот за фестивалот е Андреј Павлов.
Годинешното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура и туризам, Традуки и Град Скопје, а соработници се Младинскиот културен центар во Скопје, „Буква“, Хрватското друштво на писатели, фестивалот „Стихот во регионот“, Светскиот поетски фестивал во Патра, Грција, „ПНВ Публикации“, „Култура Бета“ и хотел „Цара 1928“.

Прочитајте и:  Барселона остана без средства за обновување на стадионот, ќе бара нов заем.

Фото: SPF