Запознајте го Eyeborg – режисер со вградена камера во окото

Повеќе... Rob Spence, режисер на документарни филмови, ќе биде првиот човек со видео камера која е вградена во простетичко око. Тој планира да го искористи својот изум за тајно да ги снима луѓето за својот филмски проект кој ја коментира глобалната раширеност на присмотрата.


Rob Spence, режисер на документарни филмови, ќе биде првиот човек со
видео камера која е вградена во простетичко око. Тој планира да го
искористи својот изум за тајно да ги снима луѓето за својот филмски
проект кој ја коментира глобалната раширеност на присмотрата.

article-1161175-03c080d0000005dc-962_468x351.jpg

Rob Spence, кој го изгубил своето лево око кога бил дете, доживеал просветлување кога гледајќи во неговата камера од мобилен телефон дошол до идеја дека нешто толку мало може да се вгради во неговото простетичко око. Овој канаѓанец кој себеси се нарекува Eyeborg вели дека планира да биде „човечка машина за присмотра која ќе ги преиспитува прашањата за приватноста и тоа дали луѓето месечарат во едно орвеловско општество на Големиот брат.“

article-1161175-03d59d56000005dc-726_468x441.jpg

Неговата специјална опрема за снимање ќе се состои од камера која ја изработи OmniVision Inc – компанија специјализирана за минијатурни камери за мобилни, лаптопи и ендоскопи, батерија и бежичен трансмитер. Од компанијата OmniVision Inc изјавија дека успехот на камерата вградена во око би можело понатаму да ги потикне нивните испитувања во однос на тоа оваа технологија да се искористи за враќање на видот кај слепите луѓе.

- Реклама -